руча св. и несв.
ручање ср.

руча (св. и несв.)

Им препорачуваше добри ресторани или крчми во Битола каде што можеа да ручаат, разменуваа идеи и мислења за тековните модни случувања во светот.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Братучедите кога ручаа го прибраа јадењето и не станаа да го продолжат патот.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Тие сега ги скротнаа воловите по ридот и дојдоа на изворот да ручаат.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
- Остани да ручаме, да видиш каков комат направи Садие, го задржува жената поштарот.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Долго не сакав да седнам на масата каде што се ручаше, по повод оваа веселба, иако во кујната неколку пати ме искара тетка Рајна.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Ќе ручаме а тие ќе шлапкаат ко свињи во копанка.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Одржавме состанок и сега ќе седнеме да ручаме.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Си одеше да руча и да прилегне малку.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Токму тогаш да намине таму и да ја најде својата невеста како руча со друг маж, кога таа требаше да биде дома во својата кујна, тоа беше доволно тој да се разбесни, а уште повеќе да влезе таму и да ја види како се држи за рака со друг маж.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Земете ги импресионистите Еден убав ден тие го собраа својот прибор и тргнаа да сликаат надвор. Гледаа како се руча на трева.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Потоа донесоа едно чиниче со урда, турија маштеница и сите тројца седнаа да ручаат.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Ручавме свински ребра гарнирани со пекарски компир.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Влегле сватовите дома да ручаат, а Силјаница си го зела детето за рака и се качила на амбар да плаче и да жали дека не ѝ бил тука Силјан.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Откако ручаа, Трајанка, единственото девојче што веќе неколку години другаруваше со нив и во ништо не беше подолу од ниедно од децата, го изваде од торбата шишето што утрината случајно го понесе.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Ручаме пире од грашок со месо.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ги водиме балистите кај сточниот пазар, а таму еден вод борци ручаат по камењата, подадени од снегот.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Го одведов и на нашите езера, го качив на бротче и на мало кајче, ручавме и вечеравме во најубавите ресторани, а потоа одевме заедно по маказарските места.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Нашата молитва треба секаде и секогаш да ни стои на устата, вели, и пред да го земеме в раце српот и пред да ја земеме в раце мотиката, плугот или секирата, вели, и пред да ручаме, и пред да вечераме, вели, и пред да си легнеме, и откако ќе се разбудиме.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Тој ме зеде дома, ми даде да ручам, ми ги плати дрвата и уште од некаде ми најде сол.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Појадувавме на полноќ, ручавме во три наутро, а вечеравме во студениот и сѐ уште мрачен шести час наутро.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Повеќе